Ако некогаш ви се случило после млечниот оброк да почувствувате грчеви, надуеност во стомакот, мачнина или диареја значи дека имате намалена способност за варење на млечниот шеќер – лактозата.
Ако некогаш ви се случило после млечниот оброк да почувствувате грчеви, надуеност во стомакот, мачнина или диареја значи дека имате намалена способност за варење на млечниот шеќер – лактозата. Оваа состојба уште се вика и интолеранција на лактозата. Иако не претставува голема опасност, може значително да го намали квалитетот на животот.
Лактозата е здрава. Млекото и млечните производи се нејзин главен извор, но и главен извор на калциум (на организмот му е потребно дневно околу 70% негово внесување). Исфрлувањето на млекото и млечните производи од исхраната го зголемува ризикот од пукање и кршење на коските, остеопороза и хипертензија и го загрозува внесот на други есенцијални нутриенти како протеините и витаминот Б2.
Постојат повеќе степени на интолеранција на лактозата. На оние сериозни случаеви каде што млекото воопшто не се конзумира им се препорачува друга исхрана богата со калциум, како ситна риба со коски, темнозелен листен зеленчук, брокули, портокали, ореви и лешници, како и млечни производи со намален процент на лактоза. Во големи количини ја има кај индустриските производи, а ја содржат дури и 20 отсто од лековите. Редовно интересирајте се за производите кои ги купувате и проучете ја декларацијата на паковањето.
Еден од примарните начини да се избегне интолеранцијата на лактозата е адекватниот внес на млеко и млечни производи во периодот на раст и развој затоа што млекото содржи најмногу, ферментираните млечни напитоци нешто помалку, а најмалку ја има во тврдите и полутврдите сирења. Симптомите може да се појават и како последица и на цревна инфекција или воспаление на цревата. Нив контролирајте ги првенствено со дневно внесување во исхраната на еден млечен производ од групата на млеко и млечни производи (на пример со 1/4 шолја млеко или парче сирење). Важно е млекото и млечните производи да се конзумираат заедно, а не посебно затоа што на тој начин се успорува празнењето на желудникот и апсорпцијата на лактозата во цревата. Знајте дека јогуртот содржи помало количество на лактоза, но помага во варењето на истата, а ја има и во некои од преработените месни производи и чоколадото.