Навивач со неспортски потег му осигура победа на Феенорд против ПСВ (ВИДЕО)

Викендов во холандската лига Феенорд славеше против ПСВ со 2-1, но тешко дека резултатот ќе останеше таков ако не беше екстра помошта од еден досетлив и не многу расположен за ферплеј навивач на Феенорд. Имено, кога ПСВ сериозно се закани да изедначи, се случи ова (моментот е некаде од 9:05 во видеото):

Судијата имаше тешка задача – мораше да ја запре играта, но не можеше туку така да досуди пенал. На крајот, ПСВ го извлече најдебелиот крај и заврши неправедно ограбен за цела една солидна шанса за израмнување.

Навивачот, од друга страна, веројатно ќе биде казнет со долга, а можеби и доживотна забрана за присуство на трибините во иднина. Меѓутоа целта е постигната, а и според честитките на останатите навивачи околу него, можеби ќе прерасне и во навивачки херој низ фудбалските кругови во Ротердам – градот од кој доаѓа Феенорд.

- Реклама -