НБА лигата ги одбра најдобрите петорки за тековната сезона

НБА лигата објави кои се најдобрите петорки за сезоната 2026/2027.

Во овие тимови, секако, се и главните кандидати за наградата МВП.

Шаи Гилџус-Александар од Оклахома Сити и Никола Јокиќ од Денвер, кои едногласно влегоа во првиот тим, ја потврдија својата доминација.

Тимот дополнуваат Виктор Вембањама од Сан Антонио, Лука Дончиќ од Лос Анџелес Лејкерс и Кејд Канингем од Детроит.

За Вембањама, младиот Французин, ова е прв пат да се најде во првиот тим.

Дончиќ ја забележа својата шеста номинација, додека Јокиќ успеа да стигне до осмата. Канингем е дел од оваа елита по втор пат, а Гилџус-Александар по четврти.

Во вториот тим се најдоа Џејлен Браун од Бостон, Кавај Ленард од Клиперс, Донован Мичел од Кливленд, Кевин Дурант од Хјустон и Џејлен Брансон од Њујорк.

Прочитајте и:  Дресот на Пеле од финалето на Светското првенство 1958 продаден за 4.8 милиони долари

Дурант стана дванаесеттиот играч со 12 номинации за Ол-НБА, Леонард стигна до седмиот избор, додека Брансон и Мичел ја забележаа третата номинација. Браун, по добиените гласови, го запиша својот втор избор.