Не го фрлајте недопиеното вино, еве како може да го искористите

Што да направите со она малку вино кое остана на дното на шишето? Не го фрлајте, искористете го на неколку интересни начини.

Направете вински оцет

Во шише сипете ги остатоците од црно вино и оставете да отстои неколку седмици. Не го затворајте шишето, и од време на време промешувајте. Без било какви додатоци, виното ќе се претвори во оцет.

Додаток за супи или чорби

За да додадете посебен „шмек“ на пилешката или говедската супа, додадете малку бело вино. Со чорбата од домати пак, совршено одговара црно вино.

Направете совршен омлет

Во текот на подготовките на омлетот додадете било каков вид на бело врно (една лажичка за две јајца). Добро изматете и истурете ги во зовриено масло. Добиете совршен, „воздушен“ омлет.

Замрзнете ги остатоците вино

Виното сипете го во сад за мраз и оставете да замрзне. Подоцна можете да го искористите за разладување на вино или како додаток за храна при готвењето.

Направете прелив за салата

Промешајте бело вино, оцет, маслиново масло, лук, сенф и малку шеќер. Добро изматете и ќе добиете совршен прелив за салата.

- Реклама -