Пејачката Мајли Сајрус и нејзиниот поранешен свршеник Лиам Хамесворт се разделија минатата година, но ниту еден од нив од тогаш не се впушти во нова љубовна врска.
Австралискиот актер се посвети на улогите во филмовите па така воодушеви во филмот „Hunger Games“, а Мајли објави нов албум, направи светска турнеја и го привлече вниманието на јавноста со бројни настапи.
Во најновото интервју за австралиската телевизија, Мајли открива дека секогаш ќе постои нешто помеѓу неа и нејзиното поранешно момче.
„ Јас го сакам Лиам, тој ме сака мене“, вели Мајли, а на прашањето дали Wrecking Ball е посветена на него одговара: „Песната говори за пронаоѓање на самиот себе“.