„Не можев да се воздржам!“, вели носителот на листа на Левица кој вербално го нападна Заев

„Не можев да се воздржам на присуството на Заев и владината делегација“, вели Иван Јованоски – активистот но и носител на советничката листа на Левица во Прилеп на претстојните локални избори, кој денеска, заедно со уште десет партиски активисти, предизвика помал но сепак значаен инцидент на одбележувањето на Денот на народното востание – 11 Октомври, упатувајќи сериозни критики до премиерот Зоран Заев додека овој положуваше цвеќе во чест на паднатите борци чии мошти почиваат во Могилата на непобедените.

Во изјава за „Фокус“, Јованоски вели дека не било планирано некој некому да му се обрати, туку едноставно да стојат на местото, но дека едноставно не можел да го задржи, како што вели, она што било чист револт. Целата изјава ТУКА.

Прочитајте и:  Инцидент во Собранието, за малку избегната физичка пресметка меѓу Апасиев и пратеници од ВМРО-ДПМНЕ
- Реклама -