Деновиве низ интернет мрежата се појавија фотографии на кои е прикажан еден грозоморен ритуал кој очигледно претставува дел од данската традиција, односно Фарските острови. Имено, фотографијата погоре не е некој необичен феномен на природата, туку е сведоштво за суровоста на човекот.
Секоја година млади тинејџери од Данска убиваат стотици прекрасни и интелегентни Калдерон делфини, со цел да покажат дека созреваат и дека влегуваат во светот на возрасните. На еден или друг начин, сите од регионот се дел од оваа кланица кои тие ја сметаат за прослава, едните убивајќи, а другите како дел од бројната публика.
Овој вид на делфини е речиси пред истребување, а единствената причина поради која тие се доближуваат до брегот е за да си поиграат со луѓето, во знак на пријателство. Сепак, секоја година, голем број од нив умираат бавно и болно, давејќи се во сопствената крв, како резултат на оваа ужасна традиција.
Во продолжение ви ги прикажуваме фотографиите кои сведочат за овој обичај, со надеж дека на овој начин ќе помогнеме при подигнувањето на свеста и нема да сме само уште еден пасивен „гледач“ на фотографии. За сите оние кои се почуствителни, предупредување дека содржината не е воопшто пријатна.