Не паѓајте на измамата за Марс!

Марс „На 28 август годинава, Марс ќе биде неверојатно блиску до Земјата, на ноќното небо ќе биде видлив со голо око и ќе има приближна големина колку полната Месечина“. Ова е највпечатливиот извадок од кружните мејлови, безбројните написи на интернет страници и сè побројните групи на Facebook кои се баваат со овој „спектакл“ кој ќе се случи само еднаш за време на нашите животи. Еве зошто не треба да паѓате на оваа измама.


„На 28 август годинава, Марс ќе биде неверојатно блиску до Земјата, на
ноќното небо ќе биде видлив со голо око и ќе има приближна големина
колку полната Месечина“. Ова е највпечатливиот извадок од кружните
мејлови, безбројните написи на интернет страници и сè побројните групи
на Facebook кои се баваат со овој „спектакл“ кој ќе се случи само еднаш
за време на нашите животи. Еве зошто не треба да паѓате на оваа измама:

Месечината и МарсСекоја година, токму пред август, одново започнуваат гласините за неверојатната видливост на Марс. Преку сите можни интернет канали се пренесува информацијата дека Марс тогаш ќе е најблиску до Земјата од којзнае кога па до којзнае кога, дека ќе биде видлив со голо око и не само тоа – туку голем колку полна Месечина. Спам мејловите дури и ќе ве охрабрат да ја препратите информацијата на сите кои ги познавате, зашто ако тоа невидено чудо го пропушти некој на планетава, тогаш ќе зажали тој, вие, како и следните 7 генерации.

Веројатно претпоставувате оти се работи за тотална глупост! Овие информации се една бедна копија на вистинската информација од август 2003 година. Тогаш Марс навистина беше најблиску до нашава планета (такви острапувања се случуваат зашто орбитите на двете планети се елипси и не секое пресретнување – на 2 годишни интервали – е на еднакво растојание), но ни оддалеку не беше видлив со големина колку полната Месечина. За да го видевте со таа големина, ќе ви беше потребен добар телескоп со најмал зум од x75.

Два факти за измамата за Марс:

– Марс може да ви изгледа голем колку полна Месечина само доколку се наоѓате на вселенски брод и му се приближувате;

– Големината на видливиот Марс во август ќе биде точно 225 пати помала од онаа на полната Месечина;

Затоа не паничете. Дури и да го преспиете целиот август, нема да пропуштите ништо спектакуларно. Марс можете да го набљудувате во покрупна верзија на секои 2 години. Но не заборавајте – за тоа секогаш ќе ви е потребен квалитетен телескоп!

- Реклама -