Не погодувајте: Жените ги открија причините за неверство

Оваа неисцрпна тема, цел живот се темели на препоставки и туѓи искуства, но конечно откриени се причините за женското неверство, благодарение на една студија.

Новото истражување во кое учествуваат жени на возраст меѓу 20 и 35 години, покажа дека поверојатно е да изневерат жени кои се занимаваат со канцелариска работа, интелигентни и со одлична смисла за хумор. Но зошто жените воопштоги мамат мажите со други?

Прво неверниците го прават тоа за да се одмаздат на својот партнер за неговото предавство. Многу од испитаниците се жалат дека по бракот мажите им се неуредни, здебелени и веќе не ги привлекуваат сексуално. ”Сакав авантура и емоција која не ја чувствувам дома од години”, велат уште учесничките во студијата. Мажи, внимавајте и со фантазиите на својот партнер. Колку и чудни да се тие, изненадувајте ја од време на време, бидејќи во спротивно порано или подоцна жената ќе си најде каде и со кого да ги спроведе.

Не е за занемарување и тоа дека голем дел од анкетираните признаваат дека недостатокот на секс цела година ги носи во креветот на друг маж. ”Мојот сопруг престана да ме сака” или “Тој никогаш не беше иницијатор за секс” се другите главни причини за неверство. Не недостасуваат и жени, кои признаваат дека им била потребна причина да прекинат брак, во кој не се чувствувале доволно задоволни.

- Реклама -