Не постои прашање за испраќање европски НАТО сили во Украина, тврди Мицотакис

Не постои никакво прашање за испраќање европски сили на НАТО во Украина, порача грчкиот премиер Киријакос Мицотакис по завршувањето на конференцијата за поддршка на Украина што вчера се одржа во Париз, јави дописничката на МИА од Атина.

Мицотакис посочи дека разговорите со францускиот претседателот и колегите од другите земји „секогаш се од особен интерес“ и изрази уверување дека ги потврдиле единството и одлучноста за поддршка на Украина „за да може на најдобар можен начин да се одбрани од руската инвазија“.

-Мислам дека постигнавме и рамка, за која би рекол дека не отстапува многу од одлуките што ги донесовме на Европскиот совет за тоа како оваа помош, на практичен начин, може да има посуштински и покорисен резултат за Украина. Освен тоа, бидејќи слушнав и разни коментари од колеги за прашањата за кои можеби се разговарало во простоиријата, сакам да уверам дека не постои никакво прашање за испраќање сили, европски сили на НАТО во внатрешноста на Украина. Прашање кое не постои за Грција и верувам дека не постои ни за големото мнозинство од нашите колеги, истакна Мицотакис.

Прочитајте и:  Кирби: Заканите од Москва за противракетната база во Полска треба да се сфатат сериозно иако се неодговорни и неразумни

Додаде дека дискусијата за конкретното прашање „го одвлекува вниманието од суштината на напорите за практична поддршка на Украина“.

- Реклама -