Многу луѓе едноставно не можат да го замислат својот ден без барем едно кафе. И покрај негативниот публицитет кој кафето често го добива тоа има голем број на позитивни ефекти на здравјето. Во последните неколку децении биле извршени над 18.000 стдуии на кафето, еве пет од причините поради кои и понатаму би требало да го конзумирате:
1. Го штити вашето срце
Луѓето кои пијат кафе во умерени количини (1 до 3 шолји дневно) имаат помал ризик од мозочен удар споредено со оние кои воопшто не пијат кафе, ефект на антиоксиднсите во кафето. Кафето има повеќе антиоксиданси по порција од боровинките. Сите тие антиоксиданти исто така можат да помогнат и во намалувањето на штетните ефекти на воспаление на артериите. Веднаш по пиењето кафето го зголемува крвниот притисок и пулсот, но на долгорочен план тоа може да го намали крвниот притисок бидејќи антиоксидансите ја активираат азотната киселина која ги проширува крвните садови.
2. Штити од дијабетес
Истите тие антиоксиданси имаат уште една улога: засилување на осетливоста на клетките на инсулин, што помага во регулација на нивото на шеќер во крвта. Всушност, според некои студии, луѓето кои пијат 4 или повеќе шолји кафе секој ден имаат помал ризик од добивање тип 2 дијабетес.
3. Црниот дроб го обожава
Истражувањето на оваа тема е малку ограничено, но можно е со пиењето повеќе кафе да се намалува појавата на цироза и други болести на црниот дроб. Една анализа на девет студии покажала дека со секои дополнителни две шолји кафе дневно се намалува ризикот за рак на црниот дроб за 43 проценти. Антиоксидансите и кофеинот би можеле да спречат воспаление на црниот дроб и да го спречат создавањето на канцерогени клетки.
4. Ги зголемува менталните способности
Според некои студии пиењето помеѓу 1 и 5 шолји дневно би можело да го намали ризикот за појава на Алцхајмерова и Паркинсонова болест. Антиоксидансите би можеле и да го спречат оштетувањето на мозочните клетки и да им помогнат на неуротрансмитерите поврзани со когнитивните функции да функционираат подобро.
5. Помага при главоболки
Студиите покажуваат дека 200 милиграми кофеин помага во намалувањето на ефектите на главоболките. Сè уште не е јасно зошто кофеинот го има овој ефект. Но научниците знаат дека кофеинот ја поттикнува активноста на мозочните клетки, што ги тера околните крвни садови да се стеснат. Една теорија вели дека ова стеснување помага во намалувањето на притисокот кој ја предизвикува болката. [5 health reasons to not quit coffee]