Соништата се уште се загатка за луѓето, но малку по малку научниците откриваат многу интересни нешта.
Овој пат тим од француски научници откри дека постоајт два вида на сонувачи, а само еден од нив може да се сети на сонот.
Постојат луѓе кои не можат никогаш да се сетат што сонувале како и оние кои наутро јасно се сеќаваат на своите соништа. Научниците воочиле дека за паметење на соновите е одговорен посебен дел во мозокот.
Воочено е дека оние кои наутро не го паметат сонот, всушност спијат поцврсто бидејќи нивниот мозок помалку реагира. За разлика од нив, луѓето кои се сеќаваат на своите сонови, имаат слаб сон и добар дел од нив паметат речиси се што сонуваат.
„ Ова откритите добро ја објаснува ситуацијата. Мозокот кој цврсто спие едноставно не е способен да памети нови информации. За рајвата работа мора да биде буден“, истакнува Перине Руби, раководител на научниот тим.
Ги паметите ли вие своите соништа?