Фејсбук статус на Сашо Тасевски
„Порака до спин гoвeдaтa во власта. Сашо не очекувал ништо од било кого. Ниту ви имам стапнато во штаб било кога. А бе во општински ви немам влезено, не пак, горе, во главниот. Ниту во вмровски штаб сум бил, било кога. Што значи, не сум станал вмровец, затоа што ве критикувам. Не сум во рикверц како што ги лажете вашиве кутри гласачи. Рикверц, во смисла, реакционерен, против иднината и прогресот. Како што ги лажете дека ќе не биде!
Мур ќе не биде! Мур магарешки! Ова држава ќе се распадне како пудинг оставен надвор на плех кога е плус 40 степени. Ама тоа не е за кажување нели? Многу е непријатно за слушање, признавам.
И без секирации, не сум полн со омраза, кој ме знае, знае дека периодов ми е океј. Напишав роман од триста страници летово. Жена вредна злато, така се вика. Во ноември ќе ве поканам на промоција. Човек, вознемирен, нестабилен, незадоволен со себе, полн со омраза, нема дисциплина да напише толкав комплексен и необичен роман, за три месеци. Невозможно е. Може да го напише само ако е прибран и опасно фокусиран.
Затоа, кој ве клацка. Вие вашето го отпеавте, ќе дојдат на власт другите будали… И така. Еднаш ви кажав, еве пак, Сашо не ве сруши со неговите критики и колумни, се срушивте сами, со тие рашковци, бокици, оркици, радмилици, кирацовци… И други лигуши во ваши редови. Да не ги редам… Многу се. Наздравје бричење на суво.“