Небензја на СБ на ОН: Украинската војска е на работ на целосен пораз

Украинската војска и покрај големите залихи оружје, вклучително и оружје со долг дострел, е на работ на целосен пораз, изјави синоќа постојаниот претставник на Русија во Обединетите нации, Василиј Небезнја, на седницата на Советот за безбедност на ОН посветен на Украина.

Небензја рече дека украинската војска е на работ на пораз и покрај значителното снабдување со оружје, вклучително и со долг дострел, и покрај странските платеници и директното учество на Западот во конфликтот во Украина со цел да и се нанесе стратешки пораз на Русија, јавија руските медиуми.

-За да се увериме во тоа, доволно е да се проучат воените извештаи кои укажуваат на брзиот колапс на линиите за утврдување на Киев на Источниот фронт, чија изградба траеше речиси осум години, нагласи Небензја.

Прочитајте и:  Зеленски му честиташе на Трамп: „Се радуваме на ерата на силни САД“

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски,синоќа на седницата на Советот на безбедност изјави дека рускиот претседател Владимир Путин прекршил толку многу меѓународни норми што нема да запре и дека Русија може само да биде принудена на мир.

И генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, ќе зборува на седницата на СБ на ОН за Украина, која беше свикана на барање на САД, Велика Британија, Франција, Јапонија, Јужна Кореја и Малта.

- Реклама -