Небројните лековити својства на јапонското јаболко

Познато е како „јапонско јаболко“, а називот се однесува на едно растение со потекло од Азија, што претежно расте во Јапонија, Бурма и Кина. Во европа дошло околу 15-от век, а денес се одгледува во топлите предели ширум целиот свето.

Јапонското јаболко е листопадно дрво со плодови од жолта до црвена боја, кои кога се зрели имаат пријатен и мошне сладок вкус, сличен на оној на кајсијата. Плодовите се берат доцна наесен, со тоа што денес постојат десетици различни подвидови кои се разликуваат по облик, боја, вкус и големина на плодот.

Самиот плод е овошје со ниска количина на калории, но во голем дел содржи јаглен-хидрати, кои се важни за варењето. Од минералите содржи калиум, калциум, магнезиум и фосфор, а е богат и со витамини Ц, Б, А и Е, како и со аминокиселини меѓу кои и лизин, триптофан, аланин и други.

Свежиот плод, како и неговиот сок, се исклучително лековити при проблеми со варењето, како запек, воспаление на цревата и хемороиди, како и при разни болесни на желудникот (лошо варење и гастроентеритис). Јапонското јаболко е одлично и за ублажување на високиот притисок, болести на црниот дроб и жолчката, за јакнење на имунитетот и за болестите на нервите (има смирувачко дејство). Сувиот зрел плод, консумиран во облик на прав, помага и при болестите на бронхиите и сувата кашлица.

Прочитајте и:  Храна која може да доведе до затнување на артериите

Но, плодот на јапонското јаболко може да се искористи и на други начини освен свеж или во облик на сок. На пример, ако излупениот плод го оставите на сонце и преку ноќ, попримува бела боја на површината, а најважното – нови лековити својства. Така приготвен, може да послужи во борбата против разни паразити во цревата, за лечење на кашлица и висока телесна температура, а и како средство за запирање на крварења.

- Реклама -