Францускиот институт во Скопје и Амбасадата на Франција, во соработка со Амбасадите на Швајцарија, Романија, Белгија, Албанија, Амбасадата Бугарија и Бугарскиот културно-информативен центар, Амбасадата на Грција и Кинотеката на Северна Македонија, и годинава ја организираат традиционалната Недела на франкофонски филм во знак на одбележување на месецот на Франкофонијата.
Официјалното отворање на Неделата на франкофонскиот филм в петок, 15 март 2024 год., во 20 часот, во Кинотеката на Северна Македонија, со проекцијата на швајцарскиот филм „Блех-музика“, на режисерот Франсоа-Кристоф Марзал, од 2019 година.
Настанот официјално и со пригодни говори ќе го отворат: Н.Е. г-дин Сирил Бомгартнер, Амбасадор на Франција и Н.Е. г-ѓа Вероник Хулман, Амбасадорка на Швајцарија во Северна Македонија.
По проекцијата на филмот, ќе следува посета на изложбата на македонската уметница Јана Манева-Чупоска и коктел.
Останатите проекции во рамките на Неделата на франкофонскиот филм се:
Сабота 16 март 2024, 18:00 часот: Проекција на бугарскиот филм „Бескрајна градина” на Галин Стоев (2017)
Сабота 16 март 2024, 20:00 часот: Проекција на романскиот филм „Слобода” на Тудор Гиуригу (2023)
Понеделник 18 март 2024, 20:00 часот: Проекција на албанскиот филм „Делегација” на Бујар Алимани (2018)
Вторник 19 март 2024, 20:00 часот: Проекција на македонскиот филм „Најсреќниот човек на светот” на Теона Стругар Митевска (2022)
Среда 20 март 2024, 20:00 часот: Проекција на францускиот филм „Дивертименто” на Мари-Кастиј Мартијон-Шар (2023)
Четврток 21 март 2024, 20 часот: Проекција на белгискиот филм „Љубезните” на режисерот Оливије Ранже (2022, 1h55)
Петок 22 март 2024, 20:00 часот: Затворање на филмската недела со грчкиот филм „Ефтихија” на режисерот Ангелос Францис (2019)
Сите филмови се со превод на македонски јазик, а за филмовите од нефранкофонско говорно подрачје обезбеден е и превод на француски јазик.
Влезници за проекциите се резервираат и се подигнуваат во Кинотеката.