Кинотеката на Македонија го отвара својот простор и платно за циклус на јапонски филм, нудејќи „патување“ низ повеќе декади на јапонската кинематографија од 25 до 29 ноември.
„Циклусот на јапонски филмови е еден од најзначајните филмски настани во годината, кој носи ретка можност за македонската публика да се запознае со длабочината, комплексноста и уникатната естетика на јапонската кинематографија. Овој циклус нуди не само визуелно задоволство, туку и увид во културните, историските и социјалните промени што го обликуваат јапонското општество“, велат од Кинотека.
Како што наведуваат оттаму, програмата се состои од разновидни филмови кои опфаќаат жанровска разноликост – од драмски филмови до анимирани дела и експериментални форми, претставувајќи ги новите имиња и таленти на јапонската кинематографија.
Целата програма со синопсиси тука.