Најновите истражувања покажуваат дека недела навечер е периодот кога најмногу се прејадуваме, и тоа од емотивни причини.
Како што се приближува новата седмица, побрзо станувате свесни дека времето за одмор е зад вас, и дека веќе утре ќе започнете со работа.
Испровоцирани од помислата, посегнуваме по храната, и тоа најмногу меѓу 19 и 22 часот. Неодамна спроведената студија наведува дека дури половина од луѓето во недела навечер се склони кон прејадување на емоционално ниво, додека во останатите работни денови најобилно се јаде меѓу 15 и 17 часот.
Затоа, неделата навечер нека ви биде резервирана за грицкање, но на овошја или некои вкусни салати. Кој знае, можеби кога би станале свесни за лошите последици кои произлегуваат од „неделното предјадување“, и би започнале да внимавате, првото работно утро и нема да ви биде така лошо. Напротив, ќе се израдувате што ќе ве собере во пантолоните кои ви биле тесни до неодамна.