Нефи Усеини организира протест за одбрана на дивоградбите во Охрид?!

Охридскиот советник од редовите на ДУИ – Нефи Усеини, кој се нудеше сам да си ја сруши дивоизградената пицерија под услов Општина Охрид да започне со рушење на дивоградбите покрај езерото, кој неверојатно успешно избегнува обвиненија и кој е и главниот лик во првата епизода на серијалот на ИРЛ насловен „Локални шерифи“ (ТУКА), на својот Фејсбук профил повика на протест во среда за „одбрана на покривите на нашите браќа“. Усеини напиша:

„Во овој период сите чуствуваме притисок од страна на институциите кои сакаaт да ни наштетат. Од 1400 дивоградби, вклучувајќи ги и оние покрај езерото кои го ризикуваат исклучувањето на Охрид од UNESKO, кои исто така ги окупираа и тротоарите на градот, читаме само за градби како куќи и џамии кои им припаѓаат на граѓаните на Охрид.

Затоа сложно да застанеме да ги браниме покривите на нашите браќа, затоа што тие можат да бидат и наши. Според тоа на 25.09.2019 (Среда) во 10:00 часот пред Општина Охрид масовно да се поддржиме едни со други како што секогаш сме правеле за нашите граѓани“, порача тој.

- Реклама -