Негативен е резултатот на жената посетител на ЗОО тестирана за птичји грип, потврди попладнево за МИА, доктор Марија Андоновска, директорка на Институт за јавно здравје. Жена била родена 1958 година.
– Досега нема пријавено друго лице за тестирање за птичји грип. Само тие што беа двајцата вработени и жената што дојде по нејзино убедување и ја тестиравме. Штом вработените се негативни, не сметаме дека има било каков ризик за посетителите, бидејќи навистина треба да има многу близок контакт за нешто да се случи, нагласи Андоновска за МИА.