Неизвесна вселенската иднина

Повеќе...

Во Американската Агенција за астронаутика и вселенски истражувања изминатава година ќе биде запомнета по мисиите на шатлите, откритијата на Марс и други делови од вселената, а во меѓувреме научниците несигурно гледаат на финансиската нестабилност додека го планираат враќањето на Месечината.


space-station.jpg

Во Американската Агенција за астронаутика и вселенски истражувања изминатава година ќе биде запомнета по мисиите на шатлите, откритијата на Марс и други делови од вселената, а во меѓувреме научниците несигурно гледаат на финансиската нестабилност додека го планираат враќањето на Месечината.
Инженерите на проектот "Constellation Grаde" ги тестираат ракетите и капсулите кои треба да послужат за продолжување на истражувањата на вселената после повлекувањето на шатлот во 2010 година. 
Најважниот план се однесува на враќање на Месечината пред крајот на 2020 година. Во меѓувреме со полна пареа се работи на изградбата на Меѓународната вселенска станица. Во февруари е лансирана првата од четирите овогодишни шатли кон станицата. Со поправки и доградувања, вклучувајќи и две научни лаборатории, станицата е обогатена со простор за двојно поголема посада. Со поставување на уште еден соларен панел, нареднава година, изградбата ќе биде завршена. 
Прочитајте и:  Curiosity испрати неверојатна панорама од Марс
Оваа година, внимание привлекоа уште неколку вселенски сонди. Три од нив го заобиколија Сонцето и ги пратија првите тродимензионални слики. Една помина и покрај Сатурновите прстени и продолжи кон една од неговите месечини да анализира, сондата Месинџер два пати помина покрај Меркур, снимајќи ја неговата површина, а во исто време дури шест сонди го истражуваа Марс. Највозбудливиот момент е слетувањето на роботската сонда Феникс на површината на "црвената планета" во мај, после десеттомесечниот лет. Сондата укотвувајќи се на оваа планета го потврди присуството на мраз на тлото, што значи дека на него во минатото имало живот. 
Вселенскиот телескоп Хабл продолжува да праќа снимки од далеките светови. Оваа година ќе биде запомнета и по првата снимка на планета која е надвор од Сончевиот систем. Со скратен буџет НАСА планира уште осум летови на шатли, пред да ги "пензионира" во 2010 година. Долгорочниот план на агенцијата е да изгради постојана база на Месечина, која еден ден би била отскочна даска за испраќање луѓе во посета на Марс. [[Constellation_program]]
- Реклама -