Некои исплукаа, други среќни, трети воздржани: Искуствата на ланските финалисти

Ланската сезона на X Фактор беше проследена со огромен интерес.

И годинава голем број луѓе се собираат пред малите екрани во недела, со цел да ги слушнат новите имиња кои ќе заблескаат на музичката сцена. Дел од ланските натпреварувачи на шоуто успеаа да стекнат слава, а дел упатија огромни навреди кон шоуто.

Да видиме што прават денес…

Даниел Кајмакоски

daniel-kajmakoski-1385947027-406199

Даниел Кајмакоски со својата ланска победа успеа да стекне голема слава во Македонија. Тој освен тоа што се прослави низ регионот, е овогодинешен претставник за нашата земја на Евровизија.

Tамара Милановиќ

259973622

Второпласираната учесничка на шоуто, исчезна од сцената непосредно по шоуто. Сепак, таа доби престижна награда да настапи на фестивалот Exit минатата година. Нејзиниот настап со песната „Dont you remember“ остана еден од најзапеметените во шоуто.

Маид Хачимовиќ

131119151

Маид и денес е учесник на настани во Македонија и низ Балканот. Талентираниот Босанец нема свои хитови, но се надеваме дека некој ќе реши да му направи со оглед на тоа што во ланската сезона покажа дека е фантастичен.

Што напиша Фифи пред почетокот на шоуто?

transeksualecot-fifi-go-voodusevi-zirito-na-x-factor-01-620x360c

Бидејќи мислам дека никој од кандидатите кои бевме на минатогодишната сезона на Х Фактор не проговорил јавно што всушност таму се случуваше и како не тераа пред камери и на интервјуа да се правиме дека се е во ред, еве јас не се плашам и ќе кажам.
Епа вака…
Мене лично ме ставија во бендови (ме дискриминираа) бидејќи продукцијата не знаела дали да ме стави во машки или женски изведувачи (од самиот старт знаев какво ќе биде ова шоу, бидејќи јас јавно се изјаснив дека сум транс жена и се знае каде требаше да бидам, и искрено затоа и престанав да се понашам професионално и да давам се од себе, бидејќи професионалци таму немаше.)
До Шимановци секој ден не носеа на проба со раскантан стар смрдлив автобус полн со прашина. Секое сабајле ќе станевме во 7 и кога ќе стигневме таму чекавме барем четири часови додека да пробаме на сцена. Не оставаа без храна, тоа што јадевме претежно беше храна која ја праќаа родителите на некои од учесниците, god bless родителите на Доктори. Не носеа од хостел во хостел , нема ни да коментирам како живеевме, особено бендовите бидејќи веројатно ги сметаат за понизок ранг, не знам зошто.
Си играа со гласовите, враќаа во шоуто кого они сакаат и исфрлаа кого они сакаат така да кога сте гласале џабе сте гласале! Кога ме исфрлија мене од шоуто ме исфрлија со 2 пати повеќе гласови од публика отколку што имаше Александра Секулиќ со која јас и Маринела се најдовме во дуел. Ин еар-от кога пеевме на сцена речиси никогаш не работеше и неизбежно беше да се фалшира, не се слушаш што пееш човече!
На концертот во Скопје кога наполнивме цела сала, ни платија по 100€!
За гардеробата која ни ја даваа и не облакаа во неа што да ви кажам?! Знаете и самите… Вечерта пред да испаднам од што беа ‘професионални’ оние кои не облекуваа и беа премногу ‘културни’ јас дојдов до ситуација 5 минути пред да настапам да ме навредува и да се степам со една кокошка која работеше како ‘стилист’. Оди па пеј убаво брате! Има уште многу…
Но, мислам дека и ова е доволно. Поздрав до сите и единствено добро од тоа шоу е што среќа ни ги нема договорите и запознав прекрасни луѓе со кои делиме исти соништа и некаде во светов вредат МИЛИОНИ!

Харис Чато

Haris-Cato-X-Factor1-650x448

На продукцијата Х Фактор срдечно и заблагодарувам за бришењето на сите снимки од Јутјуб. Ако, добри пари заработивте на нас, ни ветивте ѕвезди, песни, спотови и се останато што ние никогаш не го добивме. А мислам дека сега дојде време вистината да излезе на виделина. Продукцијата Х Фактор така добро не искористи нас учесниците, што ние не сме ни свесни за тоа. Само еден пример е „турнејата“ која ни беше ветена, па на крај беше само Скопје. Од НАШАТА заработка на концертот во Скопје добивме еден мал процент од типот на 0,1%. Никогаш немам доживеано поголема гадост во животот од ова. Толку многу имам да кажам, а толку малку нерви…  Да даде Господ да ви изгори студиото, напиша тој на Фејсбук.

Илма

1634627-4

Навистина ниско ниво на однесување. Мои драги луѓе, јас од срце ве молам да не се натпреварувате во новата сезона на „Х Фактор“. На никој не би му посакала да се разочара како ние, ПОРАНЕШНИТЕ учесници на „Х Фактор“. Дури сега излезе вистината на виделина и точно знаеме кој бил задолжен за бришењето на нашите видеа од Јутјуб. А што добивме за возврат, се што ни беше ветено, потона во вода. Треба да им биде срам. Жал ми е што вложивме толку труд, изостанувавме од наставата, патувавме со часови за на крајот да не добиеме ништо. И сега конечно знаеме кој е виновен за се. Мирко Вукоманивиќ и Пеѓа Ристиќ, официјалните продуценти на „Х Фактор“. Сите јавно им се заблагодаруваме. Ве сакаме луѓе, стои во објавата на Илма на нејзиниот Фејсбук профил.

 

 

- Реклама -