Некој во Германија „изгравирал“ снегулки на 37 автомобили, се покажало дека е 7-годишно девојче

37 автомобили во германскиот град Хохенштајн-Ернштајн завршија со оштетена боја, а како што се покажало, „мистериозниот сторител“ е 7-годишно девојче со уметнички побуди.

Како што објави германската полиција, а пренесуваат медиумите, девојчето гравирало снегулки, оштетувајќи го лакот на автомобилите, со тоа причинувајќи вкупна штета од околу 30.000 евра.

По темелната истрага, полицајците успеале да го пронајдат сторителот и биле прилично изненадени кога утврдиле дека станува збор за мало девојче.

При распитот, девојчето признало дека го сторило делото и објаснило дека автомобилите „ги украсувало“ користејќи камчиња. Исто така, од распитот станало јасно дека девојчето не било свесно дека со своите цртежи ќе го уништи лакираниот слој на автомобилите.

- Реклама -