Неколку чудни нешта што им се секси на мажите

Мажите се едноставни. Штикла и секси долна облека и работата е завршена? Не, не се до толку едноставни.

 

„Во текот на сексот, ако премногу зборувам или воздивнувам, девојка ми има навика да ми стави рака преку устата, што уште повеќе ме пали. Ми се допаѓа што знае што сака (и не сака) и што не се воздржува тоа да ми го покаже“ – Дејан

„Го сакам тоа што мојата девојка не поднесува женски пијалоци. Обично пие водка, текила или пиво. Ме привлекува тој нејзин став на лоша девојка“ – Марко

„Кога сум сконцентриран на работата или видео игра, девојка ми некако секогаш знае кога сум гладен. Одеднаш ќе се појави со чинија со храна и дури тогаш сфаќам колку сум огладнел. Го обожавам тоа кај неа!“ – Ненад

„Се воодушевувам кога ќе стане и ќе почне да се спрема за на работа, ама сепак се враќа во креветот на уште неколку минути“ – Михајло

„Жена ми тотално се соживува кога гледа фудбал. Некогаш дури и почнува да се дере и пцуе по телевизорот. А мене ми е драго“ – Душко

Прочитајте и:  „Што носеше кога сама си го бараше?“

„Тотално ми е секси кога девојката ќе легне без да ја извади шминката, а следното утро кога ќе се разбуди има црни мачканици околу очите. Некако тоа и дава мистериозен поглед“ – Васко

„Рабирам дека е добро кога жената се грижи за себе, ама стомачните мускули на женско тело ми се стварно одбојни. Мекото стомаче некако повеќе ме возбудува бидејќи е поженствено“ – Никола

„Порано идев со девојка што изгледаше тотално обично, дури и конзервативно. Но, од време на време ќе ставеше лажна тетоважа и ќе ми дадеше задача да ја најдам, или ќе ставеше во косата некакви дречаво розеви надградби… Ги обожавав таквите нејзини испади, имав впечаток како да станува некоја друга личност“ – Филип

„Обожавам кога девојка ми ќе се врати од теретана. Она мисли дека е одвратна, ама мене баш ме пали таа нејзина разбушавена коса и испотено тело“ – Антонио

„Убедливо едно од најсимпатичните нешта ми е кога жената се смее за време на сексот, зашто тоа значи дека се забавува. Никогаш не би сакал девојката да биде пресериозна или претерано сензуална“ – Аце

- Реклама -