Неколку факти за неверството што не ги знаете

Неверството има моќ за момент да ја уништи фантазијата за совршена врска и остава длабоки траги на човечката психа. Емоционалните последици од неверството се слични на оние што луѓето ги доживуваат кога се тешко болни или кога ќе добијат отказ. Сето ова ја прави прељубата особено интригантна за научниците, кои со своите откритија бавно, но сигурно, го формираат ликот на оваа појава.

  • Мажите се впуштаат во неверство заради сексуалното задоволство, а жените бараат емоционална сигурност.
  • Речиси 60 проценти од љубовните афери почнуваат на работното место.
  • Половина од сите случаи на „скршен пенис“ се случуваат за време на прељуба. Експертите сметаат дека тогаш мажите се премногу возбудени и обично имаат секс на необични места.
  •  Русокосите изневеруваат најчесто, а веднаш зад нив се и црвенокосите. Најверни се црнките, од кои само 11 проценти го мамат својот партнер, што е за четири пати помалку од блондинките.
  •  Жените веруваат дека мажите со подлабок глас се повеќе склони кон неверство, отколку оние кои имаат висок глас – покажува една американска студија.
  • Неверството не е главната причина за развод – на прво место се финансиите.
  • Неверството не мора да е доказ дека луѓето не се среќни во бракот. Речиси 56 проценти од мажите кои ја изневериле својата понежна половина тврдат дека биле среќни во бракот, додека истото го признаваат и 34 проценти од жените.
  • Половина од браковите преживуваат неверство.
  • Мажите изневеруваат повеќе од жените, но во последните 20 години се повеќе и повеќе жени се впуштаат во прељуба. Експертите велат дека ова се должи на финансиската независност.
  • Скоро 9 проценти од мажите и 14 проценти од жените го изневериле партнерот во знак на одмазда за неговото неверство.
  • Само 12 проценти од мажите сметаат дека нивната љубовница е физички попривлечна од нивната сопруга.
  • Речиси 68 проценти од мажите чувствуваат грижа на совеста заради неверството.
  • Ризикот од неверство е 5 пати поголем ако мажот заработува помалку од својата партнерка.
  • Најмногу изневеруваат мажите што се бават со финансии, а најневерни се жените од областа на образованието.
Прочитајте и:  „Што носеше кога сама си го бараше?“
- Реклама -