Тркалцето во средината на вашиот маус е многу покорисно отколку за самото скролање. Можеби знаете некои од примените, но сигурно не ги знаете сите. Затоа, продолжете да читате:
Во вашиот пребарувач
Сеедно дали е Mozilla, Chrome или дури и Internet Explorer, со кликање на тркалцето ќе можете:
- да затворите таб, со среден клик на табот
- да отворите дупликат на активниот таб, со среден клик на reload копчето
- да отворите линк во нов таб, со среден клик на линкот (ова работи и во паѓачкото мени на address bar-от, но и со копчињата back и forward)
- да ги отворите сите букмаркирани линкови во одреден фолдер, со среден клик на фолдерот во bookmarks bar-от
- да вклучите автоматско скролање, со среден клик на веб-страна
- да пастирате текст во Firefox, со тоа што ќе треба да ја вклучите опцијата middlemouse.paste во about:config менито
Во оперативниот систем
Покрај акциите што можете да ги извршите во пребарувачот, и самиот оперативен систем Windows содржи неколку кратенки кои можете да ги активирате со среден клик на маусот:
- отворете нова инстанца или прозорец на програмата во употреба, со среден клик на нејзината taskbar икона
- затворете прозорец, со тоа што ќе поминете над неговата taskbar икона со курсорот, и среден клик на активираниот thumbnail
- активирајте автоматизирано скролање во Microsoft Office, со среден клик во документот