Неколку криминалци кои самите се издадоа со фотографии

Колку глупав треба да си за да направиш прекршок, по што ќе решиш да се фотографираш  (со маската на глава, пиштолот или украдените пари) и да се пофалиш на  која било социјална мрежа? Всушност, луѓето го  прават тоа  редовно:

Тинејџерки- криминалци

p1(22)

Две тинејџерки ограбиле ресторан за брза храна во Халмщад, Шведска. Тие имале нож, но украле само 400 долари. Полицијата трагала по сомнителните девојки, па  при претрес пронашле во нивните мобилни телефони фотографии  со маски на главата и нож. Двете девојки  не подлегнале  на искушението да направат мала фотосесија пред грабежот. Едното девојче има 17 години и ќе биде изведена пред суд , додека другата била премногу мала.

Фотографија на Ријана доведе до апсење на две лица

p2(20)

Во овој случај сликата не е од самите криминалци, туку од поп-ѕвездата Ријана. На одмор во Пукет таа се сликала со егзотично животинче и ја  пуштила сликата на Twitter. Сепак, излегло дека животинчето slow oris е од заштитен вид, а луѓето кои го шетале и се животното и и го дале на пејачката го прекршиле законот. Полицијата уапси две  момчиња на возраст од 20 и 16 години. Ним им се заканува  казна  до 4 години затвор за поседување на загрозено животно.

Се фотографирал како бакнува банкноти заработени од дрога

p3(21)

 

Овој лик се фотографирал додека   бакнува банкноти што биле заработени со трансфер  на дрога.  26-годишниот Питер Кавала бил дел од банда која заработува по 50 000 долари месечно за  пренос на кокаин и хероин во Велика Британија. Тој дури си направил фотографии на кои ги  брои заработените пари, додека се вовлекува со возот до Лондон.  Полицијата ги пронашла сликите во телефоните на други две „мазги”, кои ги уапсила.

Затвореници правеле забава и ја ставиле на фејсбук

p4(16)

Сони Баркер и Кореја Кенеди се снимале во својата ќелија, опкружени со играчки како PlayStation и телевизор, а од нивните слики на Facebook се гледа уште, дека тие имаат мини фрижидер, постери на голи жени и други благодети зад решетките. Двајцата немаат право да имаат телефони, но тие некако се здобиле со нив, па јавно си се пофалиле,  што го привлекло вниманието на полицијата. Помеѓу 2009 и 2011 година вкупно 342 затвореници, вклучувајќи убијци, биле фатени додека уживаат на Facebook.

Не се сликајте со пиштол, особено ако планирате да извршите кривично дело со него

p5(16)

Арон Ернандез е поранешен играч на New England Patriots, обвинет за убиство на друг играч, чие што тело е пронајдено на 1,6 километри од домот на Ернандез. 23-годишниот Ернандез во моментов е суден за поседување на  нелегално оружје. Оваа слика се шири на интернет и не придонесува многу за неговиот имиџ.

- Реклама -