Вистинскиот виновник за тоа зошто некои земји изгледаат помали или поголеми од другите, а не е така, е нешто што се нарекува Меркатор проекција.
Да се стави 3D планета на дводимензионална мапа беше прилично голем предизвик за раните картографи, а по бројни обиди и варијанти, најдоброто решение се појави во форма на мапа направена од фламанскиот географ и картограф – Герард Меркатор. Мапата што тој ја дизајнираше во 1569 година конечно можеше да биде користена за прецизно навигирање, макар што има една негативна страна – ги изобличува големините на земјите/објектите, во зависност од нивната позиција во однос на екваторот. Заради ова, Антарктика и Гренланд, на пример, изгледаа многу поголеми отколку што навистина се. Оттогаш проекцијата на Меркатор доживеа неколку мали измени, но во суштина мапите/атласите што ги користиме денес се во голема мера базирани на неа.
Па така, за да покаже колку всушност нашето разбирање на големината на земјите е погрешно, вебсајтот thetruesize.com ви овозможува да ги преместувате земјите на различни локации. Bored Panda реши малку да си поигра, а си поигравме и ние. Така, на пример, ако Македонија беше далеку на север, подалеку од екваторот и од Гренланд, ќе изгледаше поголема од Германија, Франција и Велика Британија – заедно.
Литванија е добар пример за тоа што се случува кога една земја ќе ја преместите подалеку од екваторот.
Или, ако САД беа до Австралија, ќе изгледаа неверојатно мали.
Или ако Русија ја симнете на екваторот, ќе изгледа дупло помала.
Ако Романија ја однесете во арктичкиот океан, ќе изгледа огромна.
Австралија, всушност, може да ја покрие речиси цела Европа.
Ако Бразил беше во Азија ќе беше огромен.
Индонезија на север би се протегала низ цела Русија.
Гренланд не е воопшто голем ако го споредите со САД и Бразил.
Канада во Јужна Америка.
Ако Кина ја ставите врз Русија.
Јапонија е скоро колку цела Канада.
Антарктика е всушност горе-долу колку Бразил.
Ако Индија ја ставите на север.
САД врз Европа.
ДР Конго, ако беше на север.
Линк до сајтот: thetruesize.com