Неколку нешта што татковците со ќерки треба да ги знаат

Многу татковци признаваат дека не ни сонувале колку радост ќе им донесе ќерка во животот. Велат дека да имате ќерка е привилегија, а не товар. Сепак, тоа не значи дека понекогаш татковците не се збунети и исплашени дека постапуваат погрешно, и дека нивната миленица ќе престане да ги сака безусловно. Па, еве неколку совети за нив:

 

ПОТРЕБНО И Е ДА СЕ ПОЧУВСТВУВА САКАНА
На девојчињата им е потребно да им покажете дека ги сакате. Тоа е најважното од сите нешта што ќе и ги купите и од се што ќе сакате да ја научите. Тешко е отстрана да се разбере односот помеѓу таткото и ќерката, ама едно е сигурно – никогаш нема да ве остави на цедило. Можеби ќе прави грешки, ќе се лути, но никогаш не се сомневајте во нејзината љубов и не заборавајте да ја потсетите на тоа колку ви е важна.

ОД ВАС ЗАВИСИ КАКОВ МАЖ ЌЕ ИЗБЕРЕ
Самата помисла е застрашувачка, но така е. Во голем дел, токму од вас зависи каков сопруг ќе избере таа во иднина. Без разлика дали сте добар татко и сопруг, или потполно спротивното, вие сте модел по кој таа ќе го обликува мажот за кој ќе сака да се омажи. Затоа, бидете внимателни.

СЛУШАЈТЕ ЈА НЕЈЗИНАТА ОМИЛЕНА МУЗИКА
Девојчињата сакаат кога нивните татковци се модерни (не се старомодни) и кога сакаат да ја слушаат истата музика како и таа. Кога се возите во автомобилот, пуштете ги песните на нејзините идоли, макар биле и Тејлор Свифт и Кети Пери. Не само што таа ќе биде воодушевена, туку нејзината радост ќе ви го разубави денот.

Father-Daughter-Date-Ideas[1]

ЌЕРКАТА СЕКОГАШ ВНИМАТЕЛНО ГО СЛЕДИ ОДНОСОТ НА СВОИТЕ РОДИТЕЛИ
Не заборавајте дека вашата принцеза будно внимава на вашиот однос кон нејзината мајка. Родителите се често преокупирани со работа, па подзабораваат еден на друг, но трудете се секогаш бракот да ви е приоритет. Важно е вашата ќерка да види како искажувате нежност кон својата сопруга. Важно е да види дека нејзината мајка ви е најважна во животот. Ако порасне во таква атмосфера, во иднина и таа ќе сака да е нечиј приоритет и нема да се задоволи со ништо помалку.

НЕ СЕ ОДАЛЕЧУВАЈТЕ ОД НЕА ДОДЕКА НЕ ПОРАСНЕ
Можеби ќе ви се чини дека сте биле блиски додека била мала, но не и сега кога навлегува во тинејџерските години. Не се обесхрабрувајте. Не се одалечувајте од неа, иако ви се чини дека таа тоа го сака. Таа ќе поминува низ бројни емотивни и физички промени и многу ќе и значи ако сте покрај неа и и покажете дека ви е важно што и се случува.

КРЕИРАЈТЕ СПОМЕНИ
Не заборавајте, важно е да сте крај неа, но уште поважно е да креирате спомени. Славете ги заедно родендените, заедно гледајте филмови, спремите и доручек за викендите, шетајте… Исклучете ги телефоните и компјутерите и посвете им време на вашите ќерки.

wedding-songs-for-father-daughter-dance-2[1]

ПРИСУСТВУВАЈТЕ НА НАСТАНИТЕ ШТО И СЕ ВАЖНИ
Сигурно имате многу работа и не можете да бидете на повеќе места истовремено. Сепак, потрудете се да се прилагодите кога таа има приредба или натпревар од било кој тип. Побарајте слободно време од работа и појавете се, ќе биде пресреќна.

ИЗЛЕГУВАЈТЕ СО НЕА
Гледајте барем еднаш месечно да излезете заедно. Одведете ја на вечера во ресторан, на филм во кино. Бидете сами, само вие двајца, а излегувањето не мора да биде гламурозно – важно е таа да се почувствува важна и добро да се забавувате.

НАУЧЕТЕ ЈА ДЕКА Е ПОВАЖНА НЕЈЗИНАТА ЛИЧНОСТ, ОТКОЛКУ НАДВОРЕШНИОТ ИЗГЛЕД
Доаѓајќи од вас, од маж, ваквиот совет ќе го сфати сериозно. Потсетувајте ја на тоа и милион пати ако е потребно. Фалете го нејзиниот карактер, нејзината интелигенција, нејзините таленти. Воспитувањето на девојче во овие времиња е ужасно тешко, а притисокот врз жените во секојдневниот живот е се поголем. Затоа, ваша должност е да ја пораснете во силна индивидуа.

- Реклама -