Нема веќе носење фрижидерчиња по грчките плажи

Грција забрани носење на фрижидери со храна, сендвичи во торби, пијалоци, или пак, овошје во кеси на плажите. На плажите во многу грчки летувалишта, особено на популарната Ситонија, веќе се појавија табли со натпис на кој се забранува оваа досегашна практика, пишува Србија денес, а пренесува Вечер.

Сопствениците на кафе баровите на плажите, кои на гостите им нудат лесни оброци, салати и сендвичи, одат дотаму што на туристите им забрануваат носење на овошје, кекси за деца или вода, пишува српскиот портал.

Во баровите на плажите еден оброк чини од седум до 15 евра, соковите 1-2,5 евра, кафиња од 2-3,5, а шише вода е околу 50 центи.

- Реклама -