Немало прекршување на мерките и протоколите при гласањето со скафандери во Собранието, вели Инспекторатот за труд

Државниот инспекторат за труд, при вонредниот инспекциски надзор во Собранието на РСМ извршен во понеделникот на 19 април, утврдил дека немало неправилности и прекршување на мерките и протоколите при гласањето во неделата (18 април), кога двајца пратеници од владејачкото мнозинство, позитивни на ковид-19, гласаа во скафандери.

Како што соопштија од Инспекторатот, извршен бил увид во работните простории на Собранието, канцелариите, салите, ходниците, лифтовите, помошните простории, влезовите и излезите. Од таму информираат и дека работодавачот, во случајов Собранието, ги приложил соодветните акти кои се однесуваат на работата на пратениците, вклучително и протоколот за спроведување на гласање на пратеници кои се наоѓаат во домашна самоизолација. Од Инспекторатот велат дека Собранието во целост ги обезбедило мерките предвидени во релевантната регулатива.

Прочитајте и:  Мицкоски: Кога ќе имаме потреба од 80 гласа во Парламентот, ќе се покаже кои се пратениците

- Реклама -