Необичен француски маникир

Францускиот маникир никогаш не излегува од мода. Но, ако и Вие сте дел од оние дами кои сметаат дека истиот од време на време здосадува, тогаш ова е совршен предлог за Вас. Она што Ви е потребно се лак во бела боја, лакови во неон бои, безбоен лак за основа и безбоен лак за финиширање. Но, покрај сето ова набавете и тенка четка за акварел. Постапката е повеќе од едноставна – овој пат, основата ја боиме бела, за да дојде до израз ефектот на виножитото кој ќе го постигнете со неколку фини потези.

.2.

- Реклама -