Необичен погреб на грчки поп

morate-da-pogledate-fotke-sa-sahrane-ovog-grckog-svestenika-body-image-1477389653[1]

Океј, сите знаеме како се одвива еден просечен православен христијански погреб – живите се во црно и плачат (некои глумат), мртвиот со блед лик мирно лежи во затворениот ковчег, ковчегот се носи до гробот, се закопува и после сите одат на семеен ручек и на понекоја ракија, каде што ќе ги слушаат глупите шеги на некој чичко/вујко/стрико (битно да е маж роднината). Не и овој пат во Грција.

2

Во грчкиот град Ламија, на околу два часа возење северно од Атина, почина тамошниот владика Тавмакос Калиникос, бог да го прости. За утеха, владикава си дочека да наполни 91 година и да доживее длабока старост, ама па си дочека и да го шетаат како во „Викенд со Барни“ (хинт: оној филмот со типот со стрела низ главата што шета кога свири музика), и тоа од црквата Свети Спиридон – до манастирот Света Анастасија, каде е погребан стоејќи.

Прочитајте и:  Свештеникот кој дозволи снимање спорен спот во црква, расчинет поради проневера

3

Но, процесијава всушност е во склад со упатствата на Правата грчка црква на православните христијани, која ги следи принципите на постарите свештеници кои му претходеле на Тавмакос. Сепак, ова не е вообичаена процедура во Грција, па последните неколку денови грчкиот интернет простор е преплавен со мемиња инспирирани од погребот на владиката.

4

Правата грчка црква им припаѓа на оние кои го следат „стариот календар“ т.е. јулијанскиот, кој доцни 13 дена зад грегоријанскиот – кој е прифатен во повеќето христијански земји. Не знаеме како тоа има врска со парадирање по улиците со мртов свештеник облечен во свечена мантија и седнат на трон, ама хеј, секоја религија си има свои мали чудности, нели?

5 6 7 8 9

- Реклама -