Необичен трик за освежувачки сон и лесно будење

Денешниот начин на живот се помалку ни дозволува да уживаме во фин и освежувачки ноќен сон. Ако сакате (а сакате) секое утро да се будите свежи и одморени, наместо мамурни и исцрпени, треба да му посветите малку внимание на таканареченото „90-минутно правило“.

Се се врти околу тоа да го истемпирате времето на легнување за да се разбудите на крајот на соновиот циклус, наместо на средина, кога сте во подлабока фаза на сон. Кај најголем дел од луѓето, овој циклус трае 90 минути, и се повторува едноподруго додека спиете.

2136279322_1385449963[1]

Овој концепт денес се почесто се употребува, па дури постојат и апликации (на пример, Sleepyti.me) базирани на ова правило, дизајнирани за да ви помогнат да се разбудите природно, свежи и енергични.

Иако вашите шеми на сонување можеби не траат точно 90 минути, добра пракса е да броите наназад во 90-минутни сегменти од времето кога сакате да се разбудите, со цел да одредите кога ќе биде најдобро да заспиете.

- Реклама -