Необична убавина во тегли за зимница-Мармалад од црвен кромид

Тегла плус на полиците за зимница е секогаш добредојдена. За оние кои сакаат да екпериментираат предлагаме да си направат мармалад од кромид. Може да се користи со месо подготвено на било кој начин, да се додава како намаз во сендвичи или едноставно да се намачка на леб.

Состојки:
600 гр. црвен кромид
200 гр. шеќер
100 мл. вински оцет
150 мл. балсамико
2 чешниња лук
2 ловорови листови
2 лажици масло
3 зрна каранфилче
сол, бибер
Подготовка:
Исчистете го и исецкајте го кромидот на тенки ленти. Во тенџере или длабока тава загрејте масло, додадете го исецканиот кромид и пропржете го додека не омекне. Потоа додадете шеќер, вински оцет, балсамико, ситно сечкан лук и другите зачини. Гответе на тивок оган, повремено мешајќи.
Откако смесата ќе зоврие, намалете го огнот, отстранете го ловоровиот лист, па оставете да крчка 20-30 минути со повремено мешање, додека смесата не се згусне и шеќерот не се карамелизира.
Кога ќе биде готов мармаладот топол истурете го во претходно стерилизирани тегли, затворете ги и оставете да се изладат. Да се ​​чува на темно и ладно место

Извор