Американските колачиња секогаш се добра идеја за слатка закуска. Достапни се во маркетите, за среќа. Но, на поголема Ваша среќа истите се доста достапни и според цена и подготовка, да ги направите дома. Следете ги чекорите и фотографиите во прилог.
- 2 и 3/4 шолји сенаменско брашно
- 1 и 1/4 лажици сол
- 1 лажица прашок за пециво
- 1 лажица сода
- 2 и 1/2 лажици маргарин
- 1 и 1/4 шолји кафен шеќер
- 3/4 шолја шеќер во гранули
- 2 јајца
- 1 лажица ванила екстакт
- 1 и 1/2 шолји чоколадни мали коцки
Заедно ставете го брашното, солта, пецивото и содата. Загрејте ја рерната на 250 степени. Маргаринот и шеќерите измиксирајте ги заедно, околу 3-4 минути. Додадете ги јајцата и ванилата. На оваа смеса додајте ја предходната и додајте ја чоколадата. Формирајте топчиња од смесата и поставете ги во плех за печење, откако малку ќе ги притиснете. Печете додека не добијат златна боја на краевите, околу 15 минути.
* За поголем ефект, додадете боја за готвење во смесата. Или M&M чоколадни бомбони.