Необичните фудбалски терени на Бангког

new-project-from-cjworx-for-ap-thailand-the-unusual-football-field-fb__700-png

Khlong Toei заедницата живее во густо населена област во Бангког. Се смета дека во областа веќе нема преостанат употреблив простор, барем не за спортски и особено не фудбалски игралишта за младите.

Во Тајланд, фудбалот е убедливо најпопуларниот спорт. А и простор колку толку има, ама несиметричен и раштркан низ целата област. Во недостаток од други опции, како иновативно решение на овој проблем, се случи проектот The Unusual Football Field.

AP THAILAND реши да дизајнира баш такви фудбалски игралишта кои ќе функционираат и на мали и несиметрични простори. Целта е да им се овозможи на младите да спортуваат, а воедно и да се зближи заедницата.

Што се однесува до употребливоста на ваквите терени, веројатно ова ќе му дојде како кружен шах. Не е баш шах, ама различниот концепт го прави екстра забавен.

Worlds-first-non-rectangular-football-field-57ea51e94ce5f__880 Worlds-first-non-rectangular-football-field-57ea51ed66f36__880 Worlds-first-non-rectangular-football-field-57ea51ef68149__880 Worlds-first-non-rectangular-football-field-57ea58f0f3bf2__880 Worlds-first-non-rectangular-football-field-57ea592be4387__880 Worlds-first-non-rectangular-football-field-57ea5361c6d58__880 Worlds-first-non-rectangular-football-field-57ea581143d03__880 Worlds-first-non-rectangular-football-field-57ea5677124f5__880

- Реклама -