Погледнете како убаво може да се среди едно поткровје.
Ова што денеска ви го прикажуваме се наоѓа во Стокхолм во објект од 1600 година, а зафаќа површина од 112 метри квадратни. Како повеќето скандинавски домови, ѕидовите се бели, давајќи јак контраст со дрвените даски и црвената софа. Резултатот е фантастичен!