Неограничени благодети на кокосовото масло за вашата убавина

Постојат мал број на производи кои можат да се користат во секој сегмент кога станува збор за убавината.

Еден од тие производи е и кокосовото масло. Коса, кожа, лице, заби, нокти, здив, се само неколку од работите кои кокосовото масло ќе ги доведе до повисоко и поубаво ниво.

Дури и најотпорните маскари немаат шанси против кокосовото масло. Нанесете го директно на лицето како сретство за чистење или натопете го памукот со него и поминете го лицето. Шминката ќе се стопи.

Освежувач за здив

Кокосовото масло има антифунгални и антибактериски својства. Направете гаргара со една лажичка кокосово масло и ќе ја исчистите усната шуплина од бактерии, ќе имате свеж здив, бели заби и поздрави непца.

Чистач на вошки

Од овие досадни штетници можете ефикасно да се решите на природен начин. На косата нанесете јаболков оцет. Кога ќе се исуши, ставете кокосово масло и остајте да отстои 12 до 24 часа. Потоа косата расчешлајте ја и измијте ја.

Лосион за тело

Идеално е за оние кои сакаат сами да подготвуваат маски и препарати за нега. Кокосовото масло може да биде основа на било кој производ за навлажнувач на кожата.

Нега на нокти

Нанесете и измасирајте ги ноктите со кокосово масло. Ќе ги подобри и ќе помогне маникирот да трае подолго.

Балзам за усни

Брзо и ефикасно ќе го реши проблемот со испукани усни. Носете го во чантата и користете го кога ќе ви биде потребно.

Против стрии

Во овој случај особено е корисен за бремените жени.

Против подочници

Нанесете го на подочниците и ситните брчки околу очите. (Најдобро пред спиење)

Прочитајте и:  Природни решенија за лош здив: Еве како да ја вратите свежината

Пилинг за тело

Измешајте половина чаша кокосово масло со крупна сол или шеќер, измасирајте ја кожата и направете совршен пилинг.

Права коса

Справете се со наелектризираната коса со овој третман. Втријте во рацете мала количина од маслото од кокос на косата и распоредете го по косата од коренот кон врвовите. Ќе добиете права коса во врвен сјај.

Масло за масажа

Во топло кокосово масло додајте неколку капки масло од лаванда или мента и сретството за масажа е подготвено.

Ги избелува забите

Кокосовото масло измешајте го со малку сода бикарбона и вратете ја блескавата насмевка.

Бричење

Нанесете на нозете од кокосовото масло за кожата да не се исуши и заборавете на разните пени за бричење.

Отстранува првут

Првутот и сувиот скалп одат рака под рака. Така, на коренот нежно тријте од кокосовото масло и оставете да седи преку ноќ. Покрај тоа, ќе го навлажни скалпот и ќе го стимулира растот на косата.

Масло за тело

Нанесете го на кожата по туширањето и нека се исуши. Освен што кожата ќе ви биде мека и хидратизирана, ќе биде заштитена од штетните сончеви зраци.

Чешање

Изгореници, црвенило од каснување од комарец полесно ќе ги надминете и ослободите од нив ако ги третирате со производи на база на кокосово масло.

Регенератор

Доколку имате проблем со сува коса, натопете ја со кокосово масло косата пред нејзино миење. Оставете да делува најмалку еден час.

Ноќна крема

Кожата ќе биде максимално хидратизирана, а антиоксидансите ќе се борат против брчките додека вие спиете.

- Реклама -