Неолитските луѓе од Зелената Сахара

Повеќе... Пред околу 9.000 години благодарејќи на влажната клима која преовладувала во некои делови на Сахара, оваа пустина била дом на многубројни животински видови и досега непознати племиња. Археолозите пред неколку години открија голема гробница што е доказ за човечкото присуство на оваа територија во неолитот.


Пред околу 9.000 години благодарејќи на влажната клима која
преовладувала во некои делови на Сахара, оваа пустина била дом на
многубројни животински видови и досега непознати племиња. Археолозите
пред неколку години открија голема гробница што е доказ за човечкото присуство на оваа територија во неолитот.

dinosaur-sahara.jpg

На експедицијата која најпрво била со цел за пронаоѓање на фосили од диносауруси предводена од палеонтологот Пол Серено во Нигер во 2000 – та, фотографот Mike Hettwer го документира неочекуваното открититие на голема гробница со стотици скелети од две ралични култури секоја од нив стара илјадници години.

На оваа денес ненаселена територија биле пронајдени орудија за ловење, глинени садови и коски на околу 20 нови видови на диносауруси, крокодили, големи копнени животни и риби кои тука живееле во т.н. Неолитски субплувијален период. На веб страницата The Big Picture можете да го погледнете фото есејот со фотографиите на Mike Hettwer кои ја документираат целата екпедиција заедно со пронајдените артефакти. Линк.

- Реклама -