Непоразениот Јувентус стигнува на Селтик Парк

Вечерва во 20:45 часот продолжува Лигата на шампиони. Првите натпревари во осминафиналето се Валенсија – ПСЖ и Селтик – Јувентус.

„Старата дама“ во Глазгов ќе бара нова победа против мини изненадувањето во овогодишното издание на ЛШ. Имено, тимот на Нил Ленон ги порази Барселона и Спартак, а во вториот круг помина со 10 бодови, веднаш зад Барселона.

Од друга страна, Јувентус се уште не знае за пораз во ЛШ. Момците на Антонио Конте од шест одиграни натпревари славеше три пати, додека преостанатите три завршија без победник.

Ленон: Сѐ е можно

„Веруваме дека може да го добиеме Јувентус. Се играат два натпревари, така што ништо не може да се реши во првите 90 минути, а сигурен сум дека моите момчиња се спремни за тешка битка. Јувентус има фантастични напаѓачи. Тие се навистина силни и фантастични момчиња, но не треба да ги потценат Селтик“, рече во најавата на двобојот тренерот на Селтик.

Прочитајте и:  Барселона казнета со 500.000 евра поради лажни финансиски извештаи

celtic

Конте: Сакаме во четвртфинале

„Нѐ чекаат опасни момчиња што ќе донесат 60 илјади навивачи. Тие ќе бидат нивниот 12 играч. Селтик е екипа која ја доби Барселона на Селтик Парк, а Каталонците настрадаа и на Камп Ноу. Тоа зборува за каква екипа станува збор“, рекол Конте.

anelka_juventus_celtic_trening_afp

Селтик незнае за пораз од некоја италијанска екипа од 1969 година, кога Милан славеше со 1:0. Оттогаш Селтик остана непоразен во осум двобои со италијански прволигаши на Селтик Парк.

- Реклама -