Заедно со пријатните и незаборавни моменти, бременоста е пропратена и од некои болести или моментални болки. Тие се природна реакција на организмот во однос на унапредување на промените во него. Кои се најчестите болести или моментални болки за време на бременоста и како да се справите со нив?
Утринско гадење
Вие сте родени под среќна ѕвезда, доколку го немате овој проблем. Но тоа е слабо веројатно со оглед на фактот дека утринската мачнина, често проследена со повраќање, е најчестото нерасположение за време на бременоста. Тоа е карактеристично за 2-4 месец, но кај некои жени продолжува до крајот на бременоста. Интензитетот на оваа состојба е различен кај секоја жена, како и факторите кои го исклучуваат гадењето. Тоа се должи на беснеењето хормоните, повеќе силната чувствителност кон вкусови и мириси, намалените нивоа на шеќер во крвта и нарушен метаболизам. Понекогаш гадењето и повраќањето може да предизвикаат сериозна дехидрација и губење на тежината.
Како да се справите со утринска мачнина?
Избегнувајте козметика со тешка и силна миризба.
Избегнувајте пржена храна. Хранете се по малку, но често. Консумирајте двопек или солена храна. Не си легнувајте веднаш после јадењето. Земајте доволно течности во текот на денот и помалку пред спиење. Избегнувајте нагло станување од кревет. Проветрувајте ја просторијата.
Несоница
Причината за неа е непријатната поза во која треба да спиете со зголемувањето на стомакот, како и намалениот обем на мочниот меур и зголемената чувствителност кон звуци.
Како да се справите?
Избегнувајте пијалоци што содржат кофеин, не спијте премногу во попладневните часови, не вршете физички вежби пред спиење, користете неколку перници за спиење, од кои едната ставете ја под стомакот кога одите на спиење странично.
Главоболка
Несоницата, стресот, заморот, дехидратацијата, високиот или низок крвен притисок може да се причина за мигрената од која се страда во текот на бременоста. Важно е да се храните балансирано и да се одморате повеќе.
Депресија
Таа се должи како на хормонални промени, така и на други фактори како несакана бременост, финансиски проблеми, претходни спонтани абортуси и страв од по таков, стравувања дали ќе бидете добра мајка, здравствени проблеми. Најдобар начин да се ослободите од песимистичното чувство е да се занимавате со креативна активност за време на бременоста (везење, цртање, читање на книги) и работи кои ве забавуваат, па да не мислите за лоши нешта. Важно е да излегувате и почесто надвор, да се сретнувате со позитивни луѓе.
Стрии
Поради намалената еластичност на кожата и брзиот пораст на стомакот многу бремени жени се здобиваат со стрии по стомакот, колковите, задникот, градите. Конзумирајте повеќе течности и хидратирајте ја секојдневно кожата. Трудете се да ги таложите килограмите постепено, а не наеднаш.
Непца што крварат и забни проблеми
Многу бремени жени имаат такви проблеми, а причината е тоа што усната шуплина е повеќе подложна на бактерии и инфекции , како и во недоволното количество на калциум во организмот, бидејќи истиот го „вшмукува” бебето, со оглед на тоа што му е потребен за формирање на коскениот систем. Потребно е да одржувате добра орална хигиена и да примате дополнителни количества калциум.
Пигментација
Појавата на дамки е особено карактеристична на лето. Некои бремени страдаат и од акни како резултатот на поинтензивна масна секреција. За да се справите со овие проблеми, чистете го редовно лицето.
Киселини
За да се ослободите од нив, намалете го внесувањето на пржена и масна храна, избегнувајте газирани пијалаци, пијте повеќе течности, а во текот на спиењето е добро вашето тело да биде малку подигнато.
Отоци
Зголемената тежина, задржувањето на течности, долготрајното стоење во исправена или во седечка положба водат кон здобивање на отоци најмногу во екстремитетите. Настојувајте да ги држите нозе повисоко, намелете ја солта, движете се, но избегнувајте прошетка во премногу топли денови.
Болки во градите
Ова е еден од првите знаци на бременоста. Градите стануваат чувствителни на допир и напнати. За да го ублажите непријатното чувство, користете градници од меки и природни материјали, без жица и дебели влошки. Користете хидратантни производи.
Запек
Ова е заеднички проблем во бременоста, кој може да предизвика и хемороиди , ако не му се обрне сериозно внимание. Конзумирајте повеќе течности и консумирајте производи богати со влакна.