Во секое маало имаше по еден мастер во жмурка. Тој беше детето што, кога никој не се замараше, беше спремно да се бутне под кола и после да јаде шамари од мајка му дека се направило лом од уље, или да се качи на дрво и да седи таму пола саат додека сите не се откажат од барање, а после да скокне со намера да те плукне, и наместо тоа да си скрши нога и да заврши во болница (вистинска приказна). Е, и тој таквиот, почнал како овие.