Непристојните навики го чуваат вашето здравје

Повеќе... Колку пати сте слушнале дека е непристојно да се лутите? Наводно лутината го покачува крвниот притисок. Пцуењето,слушањето гласна музика, играње видео игри… сигурно сето тоа веќе сте го ставиле на „забранетата листа“. Но, доколку ги послушаме научниците, овие работи всушност можат да бидат добри за вас. Како? Прочитајте.


Колку пати сте слушнале дека е непристојно да се лутите? Наводно лутината го покачува крвниот притисок. Пцуењето,слушањето гласна музика, играње видео игри… сигурно сето тоа веќе сте го ставиле на „забранетата листа“. Но, доколку ги послушаме научниците, овие работи всушност можат да бидат добри за вас.

getimage.aspx.jpegЛутина
Иако не предупредувале дека лутината може да го повиши притисокот, неодамна беше откриено дека таа сепак не е добро да се задржува во себе т.е. дека лутината треба да се покаже бидејќи тоа е добро за нашиот организам. Луѓето кои ја покажуваат лутината кога ќе се најдат во кризна ситуација се поздрави и имаат нормален крвен притисок. Некои истражувања говорат за тоа дека лутината е штетно да се задржува во себе, бидејќи насобраните и потиснатите емоции предизвикуваат бројни болести.

Сепак, не претерувајте во моментите на лутина. Таа треба да се искористи конструктивно. Бидете свесни, прифатете ја, а можете да се ослободите од неа кога сте само помеѓу четири ѕида. Во секој случај, за да бидете поздрави – не игнорирајте ја.


Пцуење

Да, пцуењето не е пристојно, но ја ублажува болката. Тоа го покажаа неколку истражувања. Се откри дека пцуењето ја намалува болката и личноста која пцуе може подобро да поднесе некоја болна ситуација. Научниците веруваат дека пцуењето е поврзано со адреналинот и на некој начин му служи на организмот за одбрана, односно за возвраќање на нападот. Беше откриено дека токму пцуењето на некои луѓе им осигура здрав кардиоваскуларен состав. Но, се разбира тоа не значи дека треба да претерате со пцуење – најдете мерка како и во се друго.

Прочитајте и:  Колку јајца можете да јадете на ден ако имате висок холестерол?

japan-common-330x225-girl-listening-to-music.jpgГласна музика
Да отидете на рок концерт или едноставно да слушате гласна музика дома ги зајакнува вашите мозочни способности. Научниците тврдат дека гласната музика го стимулира внатрешното уво кое реагира на ритамот на музиката. Тоа предизвикува задоволство во мозокот, заради што се чувствуваме добро. Ефектот трае долго време после слушањето гласна музика. Внатрешното уво е поврзано со делот од мозокот кој е одговорен за чувството на задоволство и добро расположение. Значи, од гласната музика нема да станете глуви како што веројатно ве предупредувале, туку тоа ќе го подобри вашето расположение. Следниот пат кога ќе бидете нерасположени почестете се со гласно музичко задоволство и уживајте во доброто расположение.

Видео игри
Иако често се стигматизираат заради тоа што ја поттикнуваат агресивноста и создаваат зависност, видео игрите всушност би можеле да ви помогнат да ослабите. Така барем вели едно истражување спроведено меѓу момчињата кои играат видео игри. Тоа откри дека бројот на отчукувања на срцето за време на играњето се зголемува, при што се троши повеќе енергија и се диши забрзано. Научниците од тоа заклучија дека играњето видео игри може да влијае позитивно врз здравјето со оглед на фактот дека организмот реагира како да е вклучен во физичка активност.

Сепак, научниците предупредуваат дека видео игрите не можат да ги заменат физичките вежби. Со други зборови, ако сакате да играте видео игри не морате да страхувате за здравјето и можете да продолжите, но немојте тоа да ви го замени целиот ваш живот. Би било добро во животниот распоред да воведете и физички вежби и да излезете одвреме-навреме и надвор, а во игрите уживајте со мерка. [Being bad is good for you: Playing blaring rock music and skipping the housework can actually boost your health]

- Реклама -