Овој остров сместен во Жолтото море во Кореа, Yeongheung Island, навистина има со што да Ве изненади. Ако се прашувате за што станува збор, тогаш ќе Ви кажеме дека се работи за една интересна летна дестинација која осамна на интернет поради својот карактеристичен изглед и се’ освен регуларната понуда на кревет&појадок. Освен песочните плажи, можноста за сончање и многуте ресторани со морска храна – фотографиите ќе Ви раскажат поинаква приказна за ова прекрасно село.