(Не)Слободни медиуми

intro_novinarСлободата на медиумите е на незавидно ниво во целиот свет. Расте бројот на убиени новинари во реоните каде има немири, а пак во земјите кои се декларираат како демократски, има закани, уцени и цензура. Агенцијата McCann Erickson ја изработи кампањата за Reporters Without Borders каде сликовито и многу прецизно го објаснуваат овој глобален проблем.

Слободата на медиумите е на незавидно ниво во целиот свет. Расте бројот на убиени новинари во реоните каде има немири, а пак во земјите кои се декларираат како демократски, има закани, уцени и цензура. Агенцијата McCann Erickson ја изработи кампањата за Reporters Without Borders каде сликовито и многу прецизно го објаснуваат овој глобален проблем.

А сега, вистинските вести
Да се биде независен новинар во Иран е еднакво на затворска казна.
Прочитајте и:  Македонските државјани од 30 ноември во Кина ќе патуваат без визи
ahmadinedjad
Минатата година во Иран беа уапсени 54 новинари кои одат во затвор без судење.

"El Censor Maximo" и неговите браќа се главни уредници на печатот на целата држава.

castro

Во Куба, поради користење интернет и објавување статии online дури 25 новинари лежат во затвор.

Во земјата на Мао, независните новинари се ретки колку и пандите (но многу помалку заштитени)

jintao

Jintao вети дека ќе ја гарантира слободата на печатот, што беше услов за организирање на Олимпијадата. Ветувањето остана само на зборови.

Единствените руски весници кои се читаат деновиве се изјавите на
одделот за односи со јавноста на Владимир Путин

putin

Откако беше избран Путин, дваесет новинари беа убиени.
Најлошо е што никогаш не беше поведена посериозна истрага во врска со тоа.

- Реклама -