Полошкиот регион е зафатен со нестабилна облачна маса проследена со пороен дож , грмежи и засилен ветер. Од Управата за хидрометеоролошки работи додаваат дека кон Скопската котлина од северозапад се приближува нестабилна облачна маса.
Метео предупредување за денес: Во северозападните делови уште од претпладне, а во останатите околу пладне и попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има појава на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер (над 60 км/час) и услови за појава на град.