Nestle ќе прави пијалок што ќе го замени вежбањето

Кругот е совршен: јадеш Nestle чоколадо > се здебелуваш > пиеш Nestle пијалок > слабееш > сега можеш да јадеш уште повеќе Nestlе чоколадо. Профит.

Момците од Nestle, истото она Nestle што прави неодоливи слатки и што го здебели пола човештво, се на пат да измислат пијалок што ќе согорува калории. Така, наместо со вежбање, истиот ефект ќе може да се добие со едно испиено шише од пијалокот.

Bloomberg известува дека најголемата прехранбена компанија идентификувала ензим во телото наречен AMPK, кој го регулира метаболизмот и е стимулиран од соединение наречено С-13. Toa e всушност првиот чекор кон имитирање на ефектот на топење на мастите при вежбање.

napitak-kalorije-trosenje-kalorija-1416596867-592255[1]

Сега, во едно мирно место во Швајцарија, група научници анализираат природни супстанци (екстракти од овошје и зеленчук), кои би послужиле како тригери и би го активирале овој ензим.

„Ензимот може да им помогне на луѓето кои не можат да издржат ригорозно вежбање или се спречени да продолжат со вежбите. Наместо 20-минутно трчање или 40-минутно возење велосипед, ензимот може да помогне во забрзување на метаболизмот и при умерена вежба, како што е брзото одење. Луѓето ќе го добијат истиот ефект, со многу помалку напор“, вели еден од научниците во тимот.

Сепак, новиот пијалок „против вежбање“ на Nestle ќе треба да помине пат од неколку години. Тестирањето сеуште не е започнато, ама дебитантскиот настап на Nestle на фармацевтската арена дефинитивно ветува. Дури и инвеститорите сметаат дека тоа е добар чекор, за што говори порастот на цената на акциите за 0.3 проценти, по објавувањето на веста.

И аналитичарите се согласуваат. „Границата помеѓу храната и фармацијата ќе избледи во годините што претстојат. Компаниите со разновидно, здраво прехранбено портфолио ќе излезат како победници“, смета Жан-Филип Бертши, аналитичар на швајцарската банка Vontobel AG во Цирих.

Ние знаеме само едно – Nestle сака да им купуваме повеќе производи, а ние сакаме да јадеме повеќе чоколадо без да се здебелиме. Така, тешко дека некој е помотивиран да најде лесно решение за вишокот калории од прехранбена компанија од размери каква што е Nestle. Затоа сме сигурни дека ќе успеат да направат пијалок што всушност ќе работи.

- Реклама -