Несторовска за потпишаните акти за двојазичност на униформите: Станува збор за недоразбирање во јавноста

Потпишувањето на актите за двојазичност на полициските униформи и амблеми нема врска со тековните преговори за формирање Влада, а се случило согласно протокол од Комисијата што изготвила план како истите ќе се употребуваат, изјави привремениот министер за внатрешни работи Агим Нухиу за „ТВ24“, откако денеска на Фејсбук се пофали дека ги потпишал актите за албански јазик на униформите.

Според државниот секретар во МВР, пак, Магдалена Несторовска, се работи за недоразбирање во јавноста. Комисијата во МВР, вели таа за „ТВ24“, ги разгледува актите и во рамки на истата има поделени мислења, па така дополнително ќе се разгледува што ќе стои на амблемите.

- Реклама -