Нетанјаху: Обидот на Хезболах да ме убие мене и мојата сопруга беше голема грешка

Израелската војска претходно објави дека беспилотно летало лансирано од Либан удрило во зграда во израелскиот град Цезареја, каде што се наоѓа резиденцијата за одмор на премиерот Бенјамин Нетанјаху

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека обидот на иранскиот Хезболах да го убие него и неговата сопруга е „тешка грешка“, откако неговиот портпарол информираше дека беспилотно летало било лансирано од Либан кон неговата крајбрежна резиденција.

Ниту една од групите кои го напаѓаат Израел во изминатата година не ја презеде одговорноста за нападот.

Израелската војска претходно објави дека беспилотно летало лансирано од Либан удрило во зграда во израелскиот град Цезареја, каде што се наоѓа резиденцијата за одмор на премиерот Бенјамин Нетанјаху.

Канцеларијата на Нетанјаху соопшти дека ниту тој ниту неговата сопруга не биле во крајбрежното одморалиште меѓу Тел Авив и Хаифа во моментот на нападот.

Во инцидентот нема повредени, соопшти армијата. Два беспилотни летечки објекти се запрени.

„Хезболах, сојузник на Иран кој се обиде да ме убие мене и мојата сопруга, направи огромна грешка. Им порачувам на Иранците и нивните партнери во ‘оската на злото’: секој што ќе се обиде да им наштети на граѓаните на државата Израел ќе плати висока цена. Ова нема да ме одврати мене, ниту државата Израел, да продолжиме со нашите праведна борба против нашите непријатели за да ја обезбедиме нашата иднина“,

наведува Нетанјаху во изјавата.

- Реклама -